Металург реди порази на подготовките

фото: рк металург

Екипата на Металург со пораз од израелскиот Рамат Хашрон ги започна настапите на турнирот во Кањижа, Србија. Израелците по голема борба го совладаа Металург со 32:30 (15:14).

Ова е четврти пораз на тимот од Автокоманда по ред на подготовките, откако три порази доживеаја на „Купот на Гувернерот“ кој се одржа во Русија од екипите на Чеховски Медведи, Мешков Брест и Стеауа.

За жал, и на овој натпревар Металург имаше голем број на технички грешки, брзоплети шутеви и загубени топки, но и покрај тоа имаше и неколку шанси да го избегне поразот. За жал, нашиот најдобриот стрелец на Металург, Поповиќ, во два наврати не успеа да го израмни резултатот, што на крајот значеше пораз. Покрај Поповиќ, седум голови постигна и Мариќ, додека Шилегов даде четири гола.

Утре, Металург ќе игра против фаворит на турнирот Нексе кој денеска со 37:25 го совлада Партизан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот