Мета: Време е Албанците да ја земат судбината во свои раце

Илир Мета. / Фото: МИА

Албанскиот претседател, Илир Мета, реагираше по објавувањето на извештајот за инвестициската клима во Албанија, која се оценува како неповолна, поради корупцијата, особено во судството, недостигот на транспарентност во јавните набавки и лошото спроведување на договорите.

Според него заклучоците во извештајот се шокантни и посочува дека овој извештај доаѓа во време кога бизнис здруженијата, стопанските комори, вклучително и американската, постојано искажуваат загриженост за влошената бизнис клима и инвестиции.

Нагласува дека во оваа задушувачка клима за домашните и странските инвеститори, кога ЈПП и тендерите се насочени само на неколку олигарси, во услови на обиди за коруптивна фискална амнестија, како и недостаток на транспарентност во системот за набавки, неопходно е да се врати економијата во нормала во функција на одржливиот развој.

-Потсетувам на моите јавни повици до Специјалното обвинителство за борба против корупција, СПАК да започне истраги за сите постапки и предлози, со цел пред лицето на правдата да се изведат сите автори кои преку законот сакаат да ги исполнат нивните фаворизирани клиентелистички цели, наведува Мета.

Но, посочува, до денес не сум добил никаков одговор а за жал нема и никаква истрага.

-Злоупотребата на законските процеси и клиентелистичките интереси не можат да го стават во ќор-сокак процесот на интеграција и европската иднина на Албанија. Време е Албанците да ја земат судбата во свои раце, порачува Мета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот