Меркел: Отворање на првите поглавја со Македонија и Албанија оваа година

За Меркел отворањето на преговорите со Скопје и Тирана претставуваат важен сигнал за заложбата на ЕУ кон интеграцијата на западниот Балкан.

Германската канцеларка Ангела Меркел ги презентираше приоритетите на претседателството на нејзината земја со ЕУ во наредните шест месеци, споменувајќи ги само преговорите со Северна Македонија и Албанија во однос на проширувањето, јави дописничката на МИА од Брисел.

Западниот Балкан, Африка, борбата против дезинформациите, миграцијата, Русија и Кина, се главните приоритети за Германија во делот на надворешната политика за наредните шест месеци.

-Пристапните конференции со Северна Македонија и Албанија треба да се одржат оваа година и да се отворат првите поглавја, рече Ангела Меркел пред европратениците попладнево.

За Меркел отворањето на преговорите со Скопје и Тирана претставуваат важен сигнал за заложбата на ЕУ кон интеграцијата на западниот Балкан.

Доколку двете земји го одржат досегашното реформско темпо, првите поглавја од преговорите би можеле да бидат отворени во ноември или декември. Германското претседателство планира оваа тема да биде на дневен ред на Советот на ЕУ во ноември. Дотогаш Европската Комисија треба исто така да ги објави редовните извештаи за реформскиот напред во сите земји од регионот.

Европската Комисија минатата недела ја поднесе и нацрт преговарачките рамки на ЕУ за Северна Македонија и Албанија до Советот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот