Меган Маркл лута: Губи на суд против британските новинари!

инстаграм

Меган Маркл (38) го тужеше британскиот таблоид „Mail of Sunday“ поради некоректно и непрофесионално известување за неа и принцот Хари (35). Меган изјави дека медиумите го малтретирале и искористувале нејзиниот татко, иако не зборувала со него 2 години. Странските медиуми сега јавуваат дека Меган го изгубила првиот спор против таблоидите. Судот ги отфрлил сите наводи и тужби врзани со приватноста на војвотката во првата пресуда во случајот кој и понатака ќе се рзвлекува во судот.


Меган наведениот таблоид го тужела за два текста во весникот и три на порталот, во кои во февруари 2019 година биле објавени писма кои таа му ги пишувала на својот татко Томас Маркл (75).

Прелиминарното сослушување на овој случај било минатата недела на далечина. Судијата седел во судницата, додека адвокатите и новинарите се уклучиле преку видеозапис. Адвокатот на познатите Давид Шербоун рекол тогаш дека Меган ќе ги даде сите потребни докази за да докаже дека медиумите го искористувале нејзиниот татко.

инстаграм

Меѓутоа, адвокатот на таблоидот Ентони Вајт рекол дека е љубопитен како „Mail on Sunday“ е обвинет за злоупотреба, посрамотување, манипулирање и искористување на Томас Маркл, ако Меган не комуницирала со татко си 2 години. Меган како доказ на судот му ги покажала и пораките, па го предала и писмото упатено кон својот татко. Се работи за нивна приватна порака уште од времето пред кралската венчавка, па затоа и одлуката за недоаѓањето на Томас. Маркл рекла дека спомнатиот таблоид намерно го задевал нејзиниот татко, не покажувајќи ја вистината, туку измислиле гласини за да ја оцрнат во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот