Меган и Хари стравуваат од коронавирусот: Малиот Арчи останува во Канада

Ширењето на коронавирусот e главна причина поради која Хари и Меган решиле Арчи да остане со дадилката во Канада.

Во моментов има 36 потврдени случаи на коронавирус во Велика Британија и 24 во Канада, па тие не сакаат да го стават во опасност нивниот син.

Во Британска Колумбија, регионот на Канада каде што престојуваат Меган и Хари со Арчи има осум потврдени случаи на коронавирус. Сè додека тој останува дома и не патува ризикот е помал.

Меган и Хари ќе останат во Велика Британија до крајот на месецов кога ќе им завршат последните кралски обврски, а потоа ќе се вратат во Канада за да бидат со нивниот син.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот