Медведев в сабота во посета на Белград

Рускиот премиер Дмитриј Медведев ќе го посети Белград в сабота, на 19 октомври, соопштија од српското претседателство, по средбата на претседателот Александар Вучиќ со рускиот амбасадор Александар Боцан Харченко.

Како што се наведува, домаќин на рускиот премиер Медведев ќе биде српскиот претседател, а целта на посетата е заедничкото одбележување на 75-гошнината од ослободувањето на Белград во Втората светска војна.

Се предвидува Медведев за време на посетата да се обрати пред пратениците на посебна седница на српското Собрание.

Според соопштението, Вучиќ изразил загриженост од „атмосферата во Косово по изборите и предизвикувањето тензии од страна на Приштина”.

– Не знаев дека постои отров кој селективно дејствува по етничка основа, но ќе инсистирам на сеопфатна истрага и казнување на измамниците, кои ја организираа оваа срамна медиумска акција – изјави Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот