„Медена земја“ ќе освои Оскар, тоа е сигурно

Филмскиот критичар Владо Галевски прогнозира дека документарниот филм „Медена земја“кој е номиниран за Оскар во две категории, ќе добие барем еден. „Конкуренцијата е сериозна кај странските филмови, кои се играни и таму фаворитите се други, но реално, во категоријата на документарни филмови, поголем ривал е единствено „За Сама“, заради тоа што се работи за женска перспектива. Но мислам дека овде Оскарот е реален“, рече Галевски за Утрински брифинг.

Маријана Шушлевска од „Фармахем“ истакна дека нејзината компанија преку програмата за зачувување на природата на Швајцарската агенција за развој и соработка и филмот „Медена земја“ почнал да се снима како еден вид промоција на одржливоста на природните ресурси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот