Маж починал на белградскиот аеродром додека чекал да си го земе багажот

архива на СП

Утрово околу 8 часот и 45 минути на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград починал маж додека чекал да го земе својот багаж на лет од Чикаго.

Како што пренесуваат српските медиуми, наводно на мажот Б.Т.(66) му се слошило, по што починал.

Лекарите од белградскиот аеродром реагирале во најкус можен рок, но и покрај реанимацијата, патникот за жал починал.

Според неофицијални информации, семејството на несреќниот маж го чекало на аеродромот.

Компанијата на белградскиот аеродром изрази сочувство до семејството на патникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот