Матичните лекари ќе протестираат: Доста беше игнорирање, дајте ни помош

Матичните лекари вршат последни консултации и дефинираат модел за протест кој ќе се случи поради, како што велат ,,игнорантскиот однос и буквално никаква поддршка од страна на здравствените власти од почетокот на пандемијата со коронавирусот”.

– Протестираме поради игнорантскиот однос и никаква поддршка од прв ден на епидемијата до денеска, ниту заштитна опрема, ниту дезинфициенси, ниту денар помош. Бараме итна помош во заштитна опрема и дезинфициенси. Бараме право да упатуваме на тестирање по наша проценка. Бараме да има член претставник од матичните лекари во Комисијата за заразни болести. Бараме стопирање на било какви ,,реформи” најавени за од први јули, невиден преседан среде пандемија. Исто така, протестираме поради срамните изјави дека не сме дел од јавно здравствениот систем. Повеќе од 80 проценти од инфицираните со Сарс-Kов-2 се менаџирани од матичните лекари! Секојдневната работа со која бевме натрупани и претходно е башка и е паралелна – вели доктор Ненад Лазаров, кој го најави протестот.

Тој додаде дека протестот ќе го изразат секој пред својата ординација, со половина час молк, во време на пауза, „со маските на себе, оние што сами ги купуваме, онаму каде што бевеме секој ден изминативе 4 месеци борба со пандемијава. Пред ординација“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот