МАСКА ЗА ВОЛУМЕН на косата според рецептот на Кејт Мидлтон

профимедиа

Војвотката од Кембриџ е препознатлива по својата долга, густа и негувана коса која секогаш е полна со волумен.

Многумина би помислиле дека троши многу време и пари за нега, но нејзиниот фризер Даниел Галвин открил дека секојдневната нега на Кејт е всушност многу едноставна и достапна за сите.

Рецептот за маска за детокс на косата тој го споделил со дамите од кралското семејство, но и самиот го подготвува за своите клиентки. Благодарение на оваа маска се чистат сите остатоци од козметички производи за нега на коса, па таа добива природен здрав изглед.

Потребни се:

Една лажичка витамин Ц во прав
Една лажичка јаболков оцет
Една ампула витамин Е
Една лажичка кокосово масло

Се мешаат состојките и во нив се додава еден филџан топла вода. Се нанесува на полуисушена коса, се држи околу 10 минути и потоа се измива, без употреба на шампон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот