Мас: Лошо е за Советот за безбедност на ОН што сè уште не постигна единство околу пандемијата

Германија има намера да покрене нова иницијатива за усвојување на резолуцијата на Советот за безбедност на ООН за пандемијата на коронавирусот, најави министерот за надворешни работи, Хајко Мас.

– Лошо е за Советот за безбедност на ОН што сè уште не постигна единство околу оваа важна глобална тема, рече Мас.

Како што пренесуваат германските медиуми, тој смета дека не може Советот за безбедност да не се огласи кога цел свет се бори со таква пандемија.

Германија ќе го преземе претседателството со Советот за безбедност на ООН на 1 јули, на еден месец.

Резолуцијата за коронавирусот досега изостана поради спорот меѓу САД и Кина, кој  првенствено е за улогата на Светската здравствена организација. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот