Марко Пејчиновски ќе плива ултрамаратон за лицата со ретки болести

Тринаесетгодишниот охриѓанец Марко Пејчиновски на 28 август на празникот Голема Богородица, ќе плива соло маратон на Охридското Езеро во должина од 64 километри.

Тој ќе се обиде да го преплива таканаречениот триаголник Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид, а подвигот, како што најави претходно, го посветува на лицата со ретки болести.

– После испливани илјада километри, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, бранови, дожд, ладно и топло време, официјално ви кажувам дека на празникот Голема Богородица, ќе пливам од Охрид до Свети Наум, преку Струга назад до Охрид”, откри Марко на својот фејсбук-профил.

Тој минатата година направи подвиг за паметење, откако за околу девет часа го преплива Охридското Езеро од Свети Наум до Охрид. Тој е најмладиот пливач кој ја препливал таа делница, со што се најде меѓу легендите на пливачкиот маратон. Успехот на Марко е дотолку поголем оттаму што тој има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети.

Прочитајте и...  Корона дијалози: Здравствената не смее да прерасне во политичко – правна криза

Оваа година Марко пред себе постави сериозно голем предизвик со исклучителна хумана цел, да го сврти вниманието на јавноста, а пред се на општествените чинители, кон лицата со ретки болести кои секојдневно водат маратонски битки и се соочуваат со животозагрозувачки препреки.

За престојниот негов подвиг се изработени маички во бела и црна боја што ќе се продаваа по цена од 300 денари, со тоа што целиот приход собран од продажбата е наменет за помош на лицата со ретки болести.

Инаку, за минатогодишниот подвиг Марко ја доби Свети Климентовата повелба – највисоко признание што го доделува Општина Охрид, како и „Златна буба мара на популарноста”.

Прочитај повеќе

БиХ ги отвора границите за граѓаните на Србија, Хрватска и Црна Гора

Граѓаните задоволни од укинувањето на полицискиот час, угостителските објекти почнаа со работа (ФОТО+ВИДЕО)

Михаило Донев

ЗНМ најостро ги осудува заканите кон новинарската екипа на ТВ Клан

Слободен печат

Пандемијата остави без работа над 40 милиони Американци

Слободен печат

Спасовски: Со Филтер станицата во Карбинци се става крај на снабдување на населението со вода за пиење преку локални бунари

Слободен печат

Италија: Разбиена мафијашка мрежа, со измами пренасочувале пари од еврофондови

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ЕК: Разумно е да се размислува за избори, не може вечно да има техничка влада

МИА Агенција

Дескоска: Ако не се продолжи вонредната состојба, изборите се на 21 јуни, тоа го предвидува и Уставот и уредбата

Слободен печат

Трамп со декрет ќе ја ограничи заштитата од одговорност на социјалните мрежи

Слободен печат

Американски воени авиони утре ќе летаат долж реката Вардар за да го поздрават нашето членство во НАТО

Слободен печат

Истражување на EY: Франција водечка европска дестинација за нови странски инвестиции

Слободен печат

Тачи како доказ за бизнисот со дрога на „Курти и неговата група” го даде ова ВИДЕО

МИА Агенција