Маричиќ: Пописот ќе се одложи утре, нема простор за амандмански блокади

Измените на Законот за попис се мали и нема да е потребно многу време за да се напишат, одговори министерот за правда Бојан Маричиќ прашан за тоа кога може да се очеува и официјално во Собранието да се одложу одржувањето на пописот.

-Измените ќе ги дадам на седницата на Влада која е закажана денеска, каде ќе предложам веднаш да бидат испратени во Собранието. Едната измена се однесува на датумот, а другата е за можноста иселениците да се самопопишуваат до последниот ден од теренското попишување на резидентното население во земјава. Очекувам измените да бидат испратени денеска, а да бидат усвоени од пратениците најдоцна до утре. Не се работи за суштински измени и мислам дека брзо ќе биде усвоени во Собранието.

Министерот Маричиќ додаде дека Законот за попис беше примарно предложен со европско знаменце, па затоа ќе предложи и измените да бидат поднесени со европско знаменце и во скратена постапка, со цел да се исполнат роковите договорени вчера меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

-Со тоа се оневозможува поднесувањето на илјадници амандмани и не верувам дека ќе има било каков вид на блокади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот