Маричиќ: Новата методологија дава реална рамка за текот и должината на преговорите

Балканот се оцртува како геостратегиско подрачје и тоа е нов момент, вели Маричиќ. Првиот, односно суштината на правилата на ЕУ е најважиот кластер, она што беше до сега поглавје 22 и 23.

Овој документ сè уште не е излезен. До последен момент може да претрпи промени. Она што може да се види од нацртот е дека тоа пред сè е политички документ наместо бирократски, вели Бојан Маричиќ, дел од преговарачкиот владин тим на Македонија во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Балканот се оцртува како геостратегиско подрачје и тоа е нов момент, вели Маричиќ. Првиот, односно суштината на правилата на ЕУ е најважиот кластер, она што беше до сега поглавје 22 и 23.

-Тој е отворен за цело време во текот на преговорите. Напредокот во другите кластери ќе зависи од напредокот на овој. За првиот кластер нема временски рок на траење додека за другите може да се ограничи, доколку има напредок, и да се затвори за една година. Добро е што на ваков начин им се дава на преговорите реална рамка до кога би траеле. Ниту едно поглавје не се брише туку само се реорганизира- изјави во Утрински брифинг, Бојан Маричиќ, дел од преговарачкиот владин тим на Македонија.

Клучно е владеење на правото и функционирање на демократските институции – на овој начин се формализира следењето, вели Маричиќ. Ќе има детален акциски план и поинтензивно ќе биде следено од сите држави.

Околу законот за ЈО, Маричиќ изјави дека повикот до сите пратеници е упатен и отворен. Работиме со сите пратенички групи, но дали ќе успееме ќе знаеме на 12 фебруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот