Мареј: Успесите на Новак досега требаше да ги замолчат неговите критичари

epa05703920 Novak Djokovic (L) of Serbia celebrates with his trophy after winning against Andy Murray (R) of Britain during their final match of the Qatar ATP Open Tennis tournament at the Khalifa International Tennis Complex Doha, Qatar, 07 January 2017. EPA/NOUSHAD THEKKAYIL

Пред почетокот на Австралија Опен , Новак Ѓоковиќ се најде на удар на медиумите кои го критикуваа неговиот обид да им помогне на тенисерите кои се наоѓаат во строг карантин и бараше олеснување на мерките. За време на Австралија Опен, Ѓоковиќ постојано беше мета на критики кои се зголемија откако во третото коло на дуелот против Тејлор Фриц побара медицинска помош, поради што многумина се сомневаа дека ја лажира повредата. Но, на крајот Новак Ѓоковиќ си замина со деветтиот грен слем трофеј од Австралија Опен.
– Тоа беше голема победа за Новак, покажа дека и понатаму е на врвот. Неверојатно достигнување е да се освои еден турнир толку пати и тој податок веќе требаше да ги замолчи неговите критичари – изјави Енди Мареј.

Британецот исто така зборуваше и за тоа што ги издвојува Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Рожер Федерер од останатите тенисери на АТП.
– Кај врвните тенисери секогаш станува збор за неверојатниот талент, менталната сила, фокусот, посветеноста и напорната работа. Тие околу себе имаат одлични тимови и тоа многу им помага. Исто така, тенисот е игра во која искуството има голем удел – смета Мареј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот