Мареј одигра меч за паметење: Го елиминираше Кокинакис по скоро шест часа игра!

Фото: EPA-EFE/LUKAS COCH

Поранешниот број еден тенисер во светот Енди Мареј одигра меч за паметење на Австралија Опен и по скоро шест часа обезбеди место во следната рунда.

Мареј имаше негатива, а потоа следуваше пресврт во меч кој траеше пет часа и 45 минути. Пресметката против Танаси Кокинакис траеше до раните утрински часови по австралиско време и заврши во четири наутро.

Водеше Кокинакис со 6:4 и 7:6 по првите два сета, а потоа Мареј успеа да се врати и во тај брејк го доби сетот со 7:6. Во четвртиот сет беше поубедлив и го доби со 6:3. Последниот петти сет донесе 12 гема, а Мареј успеа да го добие со 7:5.

Мареј има 35 години и од поодамна не игра на највисоко ниво поради големите проблеми со повреди, но на Австралија Опен го покажува квалитетот бидејќи во првото коло го елиминираше Италијанецот Беретини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот