Малолетник украл автобус на јавниот превоз и се возел низ Белград

Фото: Профимедиа

Малолетно момче вчера во попладневните часови, за време на протестот на таксистите во Белград, успеал да украде автобус и со него да помине повеќе километри низ главниот град на Србија, пренесоа српските медиуми.

Според неофицијални сознанија, возачите брзо забележале дека им недостасува автобус и повикале полиција и набрзо крадецот е уапсен. За овој пропуст на возачите на линијата 59 никој не сакал да зборува, освен да потврдат дека ситуацијата навистина се случила. Но, според некои пишувања, станува збор за момче кое е добро познато на возачите, односно за човек кој „обожува да се дружи и да разговара со возачите на јавните автобуси“.

– Го забележав паркираниот автобус со бројот 59 и малку се изненадив што е паркиран, но тоа не беше многу чудно поради тоа што сите линии се пореметени поради протестите. Но,  – истакна за српска „Политика“ возач на автобус во Белград кој сакал да остане анонимен.

Набрзо потоа алармирани се и другите колеги. Тогаш, повикана е полиција, а момчето е запрено и фатено. Засега нема информации за тоа колку луѓе имало во автобусот и за тоа имаше различни информации, од тоа дека автобусот бил празен до фактот дека во него имало неколку врсници на малолетникот и една постара жена.

Целата ситуација е завршена без сериозни последици, особено ако е точна информацијата дека позади воланот на автобус седнало момче без возачка дозвола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот