Маљоку: Владата на Косово со еднострани иницијативи ја поткопува независноста на Обвинителството

Фото МИА.мк

Претседателот на Обвинителскиот совет на Косово, Јетиш Маљоку изјави дека одлуката за измени на Законот за обвинителство е нов обид на косовската влада да ја загрози независноста на таа институција, пишува Албанска пошта. Маљоку посочи дека Владата на Косово и покрај одлуката на Уставниот суд продолжува со еднострани активности, со што, според него, се нарушува независноста на Обвинителството.

„Тоа е еднострана иницијатива на Владата на Косово да се создаде предлог-закон и покрај одлуката на Уставниот суд, со која беше поништен првиот обид за измена на овој закон. Уставниот суд го прогласи Законот за обвинителскиот совет на Косово за неважечки, Владата на Косово не беше задоволна од пресудата на највисокиот уставен орган во државата и еднострано го одобри тој многу важен предлог закон“, додаде Маљоку.

Тој нагласи дека Обвинителскиот совет на Косово останува посветен на поддршката на општите реформски процеси и дека соработува со партнерите во секоја иницијатива насочена кон неопходните реформи, со цел зајакнување на владеењето на правото на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот