Макрон не се откажува, сѐ уште се надева на можен договор меѓу Скопје и Софија за преговарачката рамка

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, чија земја претседава со ЕУ до крајот на месецов, сѐ уште се надева дека е можен договор меѓу Скопје и Софија за преговарачката рамка, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања и е компатибилен со тоа што Северна Македонија може да го направи, потребно е видливост и доверба, во следните часови ќе има гласање на бугарскиот Парламент, ќе гледаме кон бугарскиот претседател и партиите од сегашното мнозинство, опозициските партии, рече Макрон, и додаде дека со „Северномакедонците” во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот, изјави францускиот претседател Макрон.

Тој ја поздрави храброста на некои лидери на Северна Македонија како Зоран Заев, кој го смени Уставот и името на државата.

-Една земја членка со задоцнување побара промени, рече Макрон за Бугарија, но додаде дека ЕУ не може да се преправа дека тие не постојат и истакна дека има политичка криза во Бугарија. Тој го пофали и бугарскиот премиер Кирил Петков за неговата политичка храброст.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска го одби предлогот на Франција за преговарачката рамка и рече дека само договор кој ги почитува црвените линии на државата може да биде прифатен. Тие црвени линии се меѓу другото јазикот, историјата, и промената на Уставот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот