Ковачевски го отфрли францускиот предлог: Во ваква форма не е прифатлив за мене и за граѓаните на РСМ

Димитар Ковачевски
Премиерот Димитар Ковачевски во Брисел / EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Премиерот Димитар Ковачевски по завршувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, на заедничка прес конференција со Рама и Вучиќ го отфрли францускиот предлог за кревање на бугарското вето и почеток на пристапните преговори на РСМ со ЕУ.

Предлогот во ваква форма е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за владата, за коалициските партнери и за граѓаните на РСМ. Да порачам дека граѓаните на РСМ треба да се спокојни. Ние секогаш ги имаме во прв план стратешките интереси и цели на државата. Никој не може без наша согласност да наметне какво било решение, дециден е Ковачевски.

Тој нагласи дека од македонска страна е направено се.

 Сите 27 земји, сите 27 лидери кои се приклучија на Унијата, сите се приклучија гордо со сите различности и со целосна почит за своите и за туѓите лингвистички и историски различности. Ништо од ова не било проблематизирано на европскиот пат. Тоа е она што и ние го посакуваме ништо повеќе, ништо помалку. Почит за лингвистичкиот, културниот, етничкиот и историскиот идентитет на мојот народ. Да се приклучиме на Унијата гордо, заедно со сите членови на ЕУ, заедно со сите народи на ЕУ и исполнувајќи ги сите критериуми за членство, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски на почеток на излагањето рече дека нашата земја троши драгоцено време кое го нема на располагање.

Она што сега се случува е голем проблем и голем удар врз кредибилитетот на ЕУ зошто државата направи многу досега и донесе некои тешки одлуки и сега е време ЕУ да ги исполни своите ветувања пред да даде нови.

Тој изрази и благодарност до Макрон за посветеноста која ја даде во решавањето на проблемите кои настанаа со Бугарија во преговорите меѓу РСМ и ЕУ.

Ние направивме се`, сега ЕУ е на потег, рече Ковачевски.

Тој нагласи дека историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка.

-Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот, Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија.

ФОТО+ВИДЕО | Самитот ЕУ – Западен Балкан заврши без какви било резултати

ФОТО+ВИДЕО | Самитот ЕУ – Западен Балкан заврши без какви било резултати

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот