Макрон ја повика ЕУ долгорочно да ја поддржи Украина

Емануел Макрон / Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата денешна посета на Стокхолм ги повика Европејците долгорочно да ја поддржат Украина и да го надополнат секое можно намалување на американската помош за земјата против која Русија ја почна инвазија во февруари 2022 година.

„Мораме да се организираме на таков начин што доколку САД направат суверен избор да ја прекинат помошта или да ја намалат, тоа нема да има влијание на теренот (во Украина)“, рече Макрон на заедничката прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Макрон оцени дека е лесно да се „обвини“ Европската унија за сите тешкотии на француските земјоделци, кои осудуваат одредени обврски од Заедничката земјоделска политика на ЕУ.

Францускиот претседател додаде дека се противи на преговорите за трговскиот договор меѓу ЕУ и земјите од Меркосур од Латинска Америка поради правилата кои не се во согласност со европските и повика на „јасни мерки“ за увоз на пилешко месо и житарки од Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот