Макрон го назначи Веран за портпарол на француската владa

Оливие Веран/ Фото EPA-EFE/THOMAS SAMSON

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го назначи својот поранешен министер за здравство Оливие Веран за нов портпарол на неговата влада, објави денеска француската телевизија БФМ, пред пошироката реконструкција на владата што се очекува во текот на денот.

Веран е познат како технократ кој како клучен министер за време на пандемијата на Ковид-19 ја водеше земјата низ голем дел од здравствената криза.
За министер за здравство ќе биде назначен Франсоа Браун, доктор со искуство во итните служби, додека Кристоф Беш, актуелниот министер за односи со локалните власти, ќе го добие ресорот за животна средина, објави телевизијата БФМ.

Поранешниот министер за европски прашања Клеман Бон треба да стане нов министер за транспорт.

Како што пренесуваат француските медиуми, реконструкцијата стана неопходна за Макрон откако некои министри беа поразени на изборите за Долниот дом на Парламентот минатиот месец, принудувајќи ги да се повлечат, во согласност со француската политичка традиција.

Актуелната владина портпаролка Оливија Грегоар победи во трката за парламентарно место во богат париски кварт, додека францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави за радиото Франс Интер дека ќе остане на својата сегашна позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот