Макрадули: Денот на планетата Земја не смее да биде во сенка на КОВИД-1

Макрадули посочува дека мора да се реализира во пократок временски период Планот за чист воздух кој предвидува јавните и државните институции да не загадуваат и субвенционирање на домаќинствата за еколошки начини на затоплување.

Денот на планетата Земја не смее да биде во сенка на КОВИД-19 и борбата со вирусот и заштитата на планетата мора да биде заедничка, смета заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули по повод Денот на планетата Земја,  кој во соопштение апелира да се подигне свеста за неопходноста од решителна акција за зачувување на планетата – и од вирусот, но и од последиците од климатските промени.

Стратегијата по пандемијата, според него мора да има 3 компоненти: јакнење на јавното здравје со зајакнување на јавното здравство; закрепнување на економијата која мора да биде циркуларна во својата суштина и приоретизирање на еколошките предизвици.
-Енергетската транзиција не смее да биде жртва на ниските цени на фосилните горива. Патот кон зголемено користење на обновливи извори и масовна примена на енергетската ефикасност не смее да запре. Европа потврди дека новиот зелен договор мора да остане центар на опоравување на нивните економии, затоа и кај нас мора посткризната економија да има и социјална компонента и да се опоравува без дополнителни штети врз животната средина, наведува Макрадули.Додава дека мерките против корона вирусот нѐ научија дека еднаш неделно можат сите на работа и без автомобили, друг ден да работат од дома…а, податоците од светот покажуваат дека населението во местата со зголемени емисии на ПМ2.5 честитки се поранливи од вирусот.

Макрадули посочува дека мора да се реализира во пократок временски период Планот за чист воздух кој предвидува јавните и државните институции да не загадуваат и субвенционирање на домаќинствата за еколошки начини на затоплување.

-Денот на планетата мајка годинава коинцидира со и супер годината на биодиверзитет, како најдобар индикатор за здравјето на планетата. Само доколку борбата против климатски промени и загубите на биодиверзитетот ги претвориме во одржливи модели, можеме да зборуваме за зачувување на здравјето на планетата Земја, нагласува во соопштението заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот