Макпетрол откупи соптствени акции

Компанијата Макпетрол АД Скопје изврши откуп на сопствени акции на последното берзанско тргување.

Како што стои во соопштението од Берзата, согласно член 34 алинеја 4 од Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје, оттаму известуваат дека Макпетрол АД Скопје се стекна со 105 сопствени акции кои посред последните информации од една акција чини 68.346,43 денари или доколку компанијата ги откупила по оваа цена платила 7.176,330 денари.

Па така компанијата сега поседува 8.573 сопствени акции што претставува 7,63% од вкупниот број на акции од издавачот Макпетрол АД Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот