Македонските атлетичарки го урнаа женскиот рекорд на 15. јубилеен Виз Ер Скопски маратон

Околу 12.500 натпреварувачи од 58 држави го прославија 15. јубилеј излегувајќи на маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон “ЕУ за спорт“ и трката на 5 километри. Тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Скопје, беше целосно подготвен и ги исполни потребите и барањата на рекордниот број на пријавени.

Маратонската трка од 42км беше исцрпувачка и истата секогаш претставува вистински тест за човечкиот карактер. Првото место на маратонот во машка конкуренција го освои Чалачју Асмама Тируне со 02:15:37, второто Вилфред Кипчирчир Корир со 02:16:54 и третото во машка категорија му припадна на Гетаје Фисеха Гела со време од 02:19:32. Први три во женска конкуренција беа Јунис Њавира Мучири со 02:33:38, Јулитер Јепчирчир Тануи со 02:35:32 и Наоми Какоко Лимамуреи со 02:38:32.

Кај домашните натпреварувачи на маратонот од машките првите три беа Александар Кираџиев со 02:37:41, Марјан Бонев со 02:43:38 и Кокан Ајановски со време од 02:49:54, а од женските Адријана Поп Арсова со 02:52:52, Билјана Кираџиева со 02:58:15 и Катерина Шиповиќ со 03:20:30.

Одличен резултат е тоа што тие успеаја да ја поминат границата од 3 часа што е одличен показател дека со помош на Виз Ер Скопски маратон атлетиката и спортот се надградува и расте во нагорна линија.

Воедно, урнат е рекордот кај женските македонски натпреварувачки со 02:52:52.

Илјадниците тркачи се натпреваруваа да ги надминат сопствените граници. Победник на полумаратонот беше Дарио Ивановски со 01:12:31, Кристијан Стошиќ заврши втор со 01:12:56 и трет беше Милош Ранчиќ со 01:13:19. Од жените во генералниот пласман првите три места ги земаа Зита Кацсер со 01:22:53, Милјана Ристиќ со 01:27:09 и Емилиа Тодоровска Елиас со 01:27:25.

Во полумаратонската трка од домашните натпреварувачи во машка категорија прв заврши Дарио Ивановски со 01:12:31, втор заврши Милош Ранчиќ со 01:13:19 и трет бешe Атанас Анчевски со 01:13:59. Од женската категорија од домашни натпреварувачи прва беше Милјана Ристиќ со 01:27:09, втора заврши Благица Јованова со 01:31:15 и трета беше Виолета Ивановиќ со 01:35:00.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот