Македонски војници рамо до рамо со колегите од НАТО на воена вежба во Бугарија

Македонски војници на НАТО воена вежба / ФОТО, Балканска безбедносна мрежа

Војници од Црна Гора, Италија и Северна Македонија но и Бугарија како дел од НАТО-мисијата „Засилена будност“ со лесни оклопни возила од типот ЈЛТВ и Хамер од американско потекло но и италијанските  оклопни возила Фрециа и Ивеко ЛМВ 2 извршија заедничка вежба на воениот полигон Ново Село во соседна Бугарија.

Како што пренесува порталот „Балканска безбедносна мрежа“ овие контингенти се составен дел од борбената група на источното крило на НАТО во Бугарија кои на почетокот на 2023 година ги започнаа здружените воени дејствија како резултат на зголемените тензии во Украина.

На фотографиите што ги објави бугарското министерство за одбрана се гледа како македонски војници со лесно оклопните возила „Хамер“ и вооружени со пушки М-4 увежбуваат борбени дејствија.

Предходно некаде на почетокот на февруари едно одделение на македонската армија, заедно со уште едно од војската на Црна Гора (ВЦГ), беа распоредени во составот на единицата на НАТО задолжена за засилување на одбраната на Летонија кон Русија.

Според порталот „Балканска истражувачка мрежа“, тие опслужуваат по една хаубица со калибар од 155 милиметри и се вклучени во словенечкиот артилериски вод.

Борбената група на НАТО во Бугарија ја сочинуваат вооружените сили на Италија како водечка нација, САД, Албанија и армијата домаќин на Бугарија. Сега им се приклучија и припадници на Армијата на Северна Македонија, а од почетокот на 2023 година се приклучи и Црна Гора.

Во последниве месеци, НАТО активираше четири борбени групи во Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија како дел од задачите за зголемена будност, со цел да го зајакне источното крило по руската инвазија на Украина.

Претходно, во 2014 година, беше формирано Forward Combat Presence со четири борбени групи во Естонија, Латвија, Литванија и Полска.

Како дел од НАТО-мисијата „Засилена будност“, по еден вод на АРМ има и во Романија, и во Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот