Македонија со капитенот Војдан Стојановски ќе брка победа над Естонија

фото: kfsm.mk

Макар што еден од најискусните македонски кошаркарски репрезентативци Војдан Стојановски „влече“ една нималку наивна повреда на задната ложа, нема откажување.

Војдан Стојановски беше дел од последните тренинзи на нашиот национален тим. И веќе „вообичаено“ кога станува збор за предводникот на сениорите, ќе му се стави на располагање на стручниот штаб.

Повредата на задната ложа на левата нога ја доби на финалниот натпревар од Купот на Македонија завршен овој викенд во Битола.

Очекувано, Стојановски доби одредена поштеда од селекторот Александар Јончевски на овие мини-подготовки пред мечот со Естонија на стартот од квалификациите за Евробаскет 2025.

Сè со цел капитенот да биде во стројот, да „го одигра своето“, и да им помогне на соиграчите во обидите да се излезе како победник против сериозно незгодниот ривал од Балтикот.

Зеќири: Можеме да ја победиме Естонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот