Македонија меѓу петте земји во Европа каде што 100 проценти од средношколците учат странски јазик во училиштата

Скопје, 16 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат

Македонија е меѓу петте земји во Европа каде што 100 проценти од средношколците учат странски јазик во училиштата, покажува анализата на порталот „Ландгеист“, базирана на податоци на „Евростат“. Покрај земјава, сите средношколци изучуваат странски јазик и во Лихтенштајн, Малта, Романија и Шведска.

Образовниот систем е една од причините поради која многу луѓе во Европа можат да зборуваат странски јазик. Три четвртини од сите средношколци во европските земји учат еден или повеќе странски јазици. Иако тоа не гарантира дека овие ученици на крајот ќе можат да ги зборуваат јазиците што се учат, тоа им обезбедува алатки за да го стекнат тоа знаење.

Фото: Ландгеист

Најмал удел на средношколци кои учат странски јазик има во Данска (76,0%) и во Исланд (80,2%). Сепак, овие две земји се познати по тоа што имаат население кое одлично зборува англиски.

Во Бугарија странски јазик учат 98,8 отсто од средношолците, во Хрватска 98,6, Словенија 97,8, во Грција 95,3, а во Германија 87,8 проценти. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот