Македонија игра примитивен фудбал, доколку не победиме – не заслужуваме осминафинале

фото: EPA-EFE/Vadim Ghirda

Репрезентациите во групата Ц кои загубија во првото коло загубија, ќе играат една против друга во второто коло на Евро 2020.
Украина загуби со 3:2 од Холандија, додека „рисовите“ во дебитантскиот настап на Европските првенства се поразени од Австрија со 3:1, а ќе остане запишано дека Горан Пандев го постигна првиот гол за Македонија на едно големо натпреварувањео

Украинците очекуваат победа против Македонија, а тренерот Олександр Севидов  кој за време на Евро 2020 е ангажиран како стручен аналитичар на украинската телевизија, ја гледа неговата репрезентација како голем фаворит, но во исто време вели дека доколку не победат, тогаш не заслужуваат да играат во осминафиналето.

– Украина не заслужува втора фаза ако не ја победи Македонија. Австрија и Македонија одиграа примитивен фудбал, но навистина се бореа за секоја топка. Затоа ќе ни биде тешко и со Македонија, но дефинитивно сме за една класа подобри од нив. Доколку не ги победиме Македонците, тогаш не заслужуваме да играме во осминафиналето – рече Севидов.

Натпреварот од второто коло во групата Ц ќе се игра в четврток на Националната Арена во Букурешт со почеток од 15 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот