Македонија ЃП чекаше 16 години за нова титула во Купот

Македонија ЃП ја брани титулата во Купот на Македонија/Фото: Фудбалска Репрезентација на Македонија

Денеска во финалето на Купот на Македонија екипата на Македонија ЃП триумфираше над Силекс по пенал серијата која ја добија „лавовите“ од Ѓорче Петров со 4:3.

На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје немаше голови во регуларните 90 минути, ниту во двете продолженија.

Херој на Македонија ЃП беше голманот Христијан Стевковски кој успеа да одбрани два пенали.

Голот за победа и освојување на трофејот го реализираше Сефер Емини во петтата последна серија на удари од белата точка.

Ова беше втора куп титула во историјата на Македонија ЃП, првата ја освои во 2006 година. А Силекс кој ја бранеше титулата од минатата година, остана на три куп трофеи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот