Мајмуни упаднале во дом на пензионерка од Индија, бегајќи од нив паднала и загинала

Мајмуни/ Фото Xinhua / Eyevine / Profimedia

70-годишна жена починала во Индија откако била нападната од глутница мајмуни во нејзиниот дом, пишува британскиот таблоид „Дејли Мирор“.

Чатарабоина Нарсавва, која била пензионерка, живеела со својата ќерка во селото Рамареди, но била сама дома во моментот на нападот.

Како што пренесува „Мирор“, жената во куќата ја пресретнале мајмуни, а таа се обидела да побегне но се лизнала и паднала. Ја удрила главата и останала да лежи. Така ја нашла нејзината ќерка кога се вратила дома. Ја однела мајка си во болница, но лекарите не успеале да ја спасат.

Локалните власти тврдат дека мајмуните не ја нападнале, туку дека починала откако паднала. Од полицијата додаваат дека мајмуните воопшто не ја нападнале.

„Од мештаните дознавме дека се обидела да побегне кога ја нападнале мајмуните. Притоа се лизнала и паднала. Се здобила со повреда на главата и починала“, извести полицијата, додавајќи дека истрагата продолжува.

Жителите предупредуваат дека се зачестени нападите на мајмуни врз луѓето.

„Владата треба да направи нешто околу тоа. Има повеќе од 100 мајмуни кои ги напаѓаат нашите куќи и посевите секој ден“, велат жителите, според Мирор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот