Мајли Сајрус е бремена: Го направи тоа за инает на поранешниот сопруг!

Instagram
Instagram

Нејзиниот љубовен живот секогаш привлекува многу внимание, а наводно веќе после неколку месеци врска со новото момче се реши дека е време за нова животна улога.

Profimedia

Како што тврдат американските медиуми, Мајли Сајрус е бремена, а своето прво дете го очекува со нејзиното момче Коди Симсон.

Profimedia

Парот е во врска само 6 месеци, а веќе пред месец дена се зборуваше за наводната бременост на пејачката.

Profimedia

Порталот „Now to Love“ тврди дека Мајли забременила „за инат на поранешниот сопруг Лиам Хемсворт“.

Profimedia

Како што изјавил извор близок на пејачката за овој таблоид, една од причините што Мајли и актерот се развеле било тоа што таа не сакала да има деца со него, а наводно „прифатила да направи дете со Симсон, бидејќи знае дека тоа ќе го повреди поранешниот сопруг“.

Profimedia

Уште во март медиумите пишуваа дека пејачката е бремена, а пред неколку недели кружеа гласини дека Мајли Сајрус и Коди Симсон прават планови за венчавка во Австралија – домот на Коди и поранешниот сопруг на Мајли. Наводно парот сакал да се венча во Мелбурн, после нејзиниот концерт, а пандемијата од вирусот ги одложи сите планови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот