Мајкрософт склучи договор со Пентагон вреден 10 милијарди долари

Пентагон склучи договор со компанијата „Мајкрософт” за креирање инфраструктура за чување податоци. Како што синоќа соопшти „Вашингтон пост”, на тендерот учествуваше и „Амазон”, компанија која се сметаше за главен фаворит на тендерот.

-„Мајкрософт” доби договор вреден 10 милијарди долари на десет години, ако сите договорени работи бидат извршени – се вели во соопштението од Пентагон.

„Амазон” реагираше поради поразот на тендерот.

-Детална проценка само врз основа на споредбени понуди би придонела исходот да биде поинаков – изјавија од компанијата.

Покрај „Амазон” и „Мајкрософт”, на тенедерот учествуваа и „ИБМ” и „Оракл”, компании кои отпаднаа во првичните фази. „Гугл” го напушти тендерот во 2018 година откако свои вработени ги критикуваа ангажманите со Пентагон.

„Вашингтон пост”, весник во сопственост на Џеф Безос, првиот човек на „Амазон”, заднината на поразот во овој тендер ја гледа во постојаните критики на претседателот Доналд Трамп кон Безос. Се истакнува дека „Амазон” речиси го доби тендерот пролетва, но Пентагон се предомисли и одлучи да ја разгледа зделката уште еднаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот