Мајкл Џордан е најдобар во историјата на НБА, Коби дури 14. на листата

twitter/nba.com

Летечкиот Мајкл Џордан е најдобар кошаркар во историјата на НБА лигaта според познатиот американски спортски портал „Bleacher report“. Авторите ги рангираа играчите на основ на нивните достигнување, но користеа и напредна статистика која се повеќе зема замав во кошарката. На второто место се наоѓа ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, додека трет е Карим Абдул-Џабар.

Интересно е што помеѓу првите 10 го нема Коби Брајант кој се наоѓа на 14. место а пред него на чудната ранг листа се наоѓа Стеф Кари кој се наоѓа на 10. позиција.
Топ 10 најдобри кошаркари според „Bleacher report“:
10. Стеф Кари
9. Вилт Чембрлен
8. Бил Расел
7. Тим Данкан
6. Шекил О‘Нил
5. Лери Бирд
4. Ирвин Меџик Џонсон
3. Карим Абдул-Џабар
2. Леброн Џејмс
1. Мајкл Џордан

Покрај Кари и Џејмс, од сè уште активните кошаркари се најдоа уште и Кевин Дурант (15 место), Џејмс Харден (27), Крис Пол (28), Расел Вестрбук (36), Каваи Ленард (42), По Гасол (46).

Комплетната листа може да ја погледнете на овој ЛИНК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот