Мајка терала ЗДРАВИ ДЕЦА да седат во инвалидски колички - Тие ГЛУМЕЛЕ БОЛНИ за таа да земе 140.000 ЕВРА - Слободен печат

Мајка терала ЗДРАВИ ДЕЦА да седат во инвалидски колички – Тие ГЛУМЕЛЕ БОЛНИ за таа да земе 140.000 ЕВРА

Германката Мајке Б. (49), која е обвинета за злоупотребување на штитеникот и измама, ги лажела службите за здравствено осигурување и државните институции дека нејзините четири деца биле тешко заболени и на тој начин неосновано подигнала 140.000 евра социјална помош.

Нејзината приказна за болните деца за кои е неопходна нега предизвикала сожалување од јавноста низ Германија, по што таа се појавила во неколку телевизиски емисии, во кои раскажувала за проблемите со кои наводно се соочувала секој ден.

Мајката на пет деца, која одговара пред Покраинскиот суд во Либек (Шлезвиг-Холштајн), не само што ги терала своите четири деца од 10, 15, 17 и 18 години да седат во инвалидски колички за преку измама да подигне социјална помош, туку и без никаква потреба самата им давала инјекции, открил семејниот доктор пред судот.

Прочитајте и...  Зеќири: Отворени сме за предизборна коалиција со албански партии

Тој изјавил дека на адресата на неговата лекарска пракса биле испорачани лекови против хемофилија во вредност од 100.000 евра, кои биле предвидени за децата на Мајке Б., иако тие не биле болни.

– Една инјекција чинела околу 1.300 евра. Мајката навистина им ги давала тие инјекции на децата еднаш неделно – изјавил тој.

Тој додал дека на нејзините деца не била дијагностицирана никаква болест, но дека мајката сама вршела специјалистички прегледи во Хамбург, Хановер, Магдебург и Диселдорф, каде очигледно и препишувале лекови против хемофилија.

Нејзината најстара ќерка (27) изјавила пред судот дека мајката ги убедила децата „дека уште повеќе ќе се разболат ако не седат во инвалидски колички“. Според нејзините зборови, седеле во количките „кога и да ги посетувале вештаци и други луѓе. Таа им зборела дека тогаш посебно треба да се преправаат дека се болни“, рекла девојката која се преселила од фамилијарниот дом уште во 2013 или 2014 година.

Прочитајте и...  Собранието едногласно ја донесе одлуката за распуштање, отворен патот за избори на 12 април

Според зборовите на сведоците и вештаците, сите четири деца се здрави како дрен и не им биле потребни инвалидски колички.

– Децата се забавуваа надвор и беа многу живи. Се качуваа на дрва од четири метри, што јас, секако, им забранував – изјавила една воспитувачка.

Прочитај повеќе

(ВИДЕО)Заев: Нашиот народ е желен за правда, сега на ред е Европската Унија

Слободен печат

Мираковска: Повеќе од седум години имаме систем во кој јавното обвинителство не може да си ја заврши својата работа

Слободен печат

(Видео) Толпата која маршира за правда пристигна пред комплекс судови

Слободен печат

Ангеловска: Ако енергијата за политичко поентирање се трошеше на работа, многу побрзо ќе се развиваме

Слободен печат

Судиите и обвинителите, членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се сега на потег

Слободен печат

(ВИДЕО) Почна Маршот за правдата

Слободен печат

Остави Коментар

седум + единаесет =

Прочитај повеќе

Законот за Јавно обвинителство ја води Македонија поблиску до целта

Слободен печат

Апатурај: Назадувањето со Договорот од Преспа ќе има последици за земјата во НАТО

Слободен печат

Србија ќе донира два милиони евра за штетите од земјотресот во Албанија

Слободен печат

Ахмети: ДУИ ќе се ангажира за владеење на правото, ќе се залага за ветинг на институциите

Слободен печат

Распуштеното Собрание и датата за предвремени избори во фокус на американските медиуми

Слободен печат

Првата дама Елизабета: Вашата приказна може да инспирира некој друг, затоа споделете ја

Слободен печат