Мајка од Гостивар си го оставила седуммесечното бебе само и дехидрирано

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Гостивар поведе постапка против 39-годишна жена која го оставила седуммесечното бебе само и без грижа. Од Центарот за социјална работа информираат дека на жената ќе и биде одземено родителското право.

По пријава во полиција, тим од социјални работници вчера влегол во куќа на улица „Илинденска“ и затекнал седуммесечно бебе во лоша здравствена состојба.

-Детето било оставено само и дехидрирано по што е пренесено во гостиварската болница и оттаму испратено за Скопје. Мајката има уште две деца, едно на осум и другото на 1,5 годишна возраст. Со оглед дека станува збор за нефункционално семејство, за децата е поведена постапка и во најскоро време тие ќе бидат сместени во згрижувачко семејство, наведуваат од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа.

Од оваа институција најавуваат и постапка за одземање на родителското право на мајката врз трите деца, бидејќи таа е осудена и до правосилноста на пресудата се наоѓала во куќен притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот