Мајка на пет деца е меѓу жртвите од масакрот во Канада

Фото Полиција Саскачеван

Канадската полиција ги објави идентитетите и фотографиите на жртвите кои беа убиени во масакрот во провинцијата Саскачеван, настан што ја шокираше земјата. Браќата Демиен и Мајлс Сандерсон пред неколку дена со ножеви убија 10 лица, а повредија и 18 други, пренесува Гардијан.

Едниот од браќата беше пронајден мртов, додека другиот се уште е во бегство и се соочува со обвиненија за убиство.

Како што велат од полицијата, меѓу жртвите е старешина од домородната заедница кој работел како советник за зависности, како и мајка на пет деца и вдовец кој деновите ги минувал како волонтер.

Меѓу жртвите се: Томас Барнс (23), Керол Барнс (46), Грегори Барнс (28), Лидија Глорија Барнс (61), Бони Барнс (48), Ерл Барнс (66), Лана Хед (49), Кристијан Хед (54), Роберт Сандерсон (49) и Весли Петерсон (78). Сите тие биле дел од нацијата Џејмс Смит Кри, освен Петерсон, кој живеел во соседното село Велдон во северниот дел на Саскачеван.

Тие се прогласени како херои на нивните заедници, од кои некои жестоко се бореле за да ги заштитат другите кога нападот започна рано наутро во неделата.

Браќата убијци од Саскачеван кренале нож и еден на друг!?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот