Магла на Стража и на патниот правец Штип – Неготино

Магла на пат/Фото: Архива на Слободен печат

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 70 метри има на планинскиот превој Стража и од 70 до 80 метри на патниот правец Штип – Неготино. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од дожд и снег со слаб интензитет се бележат во Крушево, Маврово и на планинскиот превој Стража, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопшти ЈП „Македонија пат”.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат” апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Информираат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

За сите подетални информации граѓаните можат да се јават на дежурниот телефон 02/ 25 61 502 или на веб-страница www.makedonijapat.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот