Мадона е повторно слободна: Пејачката се раздели од 23-годишниот модел

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Кралицата на поп-музиката Мадона постојано ја шокира пошироката јавност, како со естетски операции, така и со разголени фотографии, но и со својот љубовен живот. Откако пред помалку од една година ја прекина тригодишната врска со 36 години помладиот танчар Ахламалик Вилијамс, пред пола година започна врска со момче кое е 41 годинa помладо од неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrew Darnell (@almightywulf)


23-годишниот модел Ендру Дарнел можеше да се види на разни видеа и фотографии на инстаграм-профилот на Мадона, па беше јасно дека дефинитивно постои нешто помеѓу нив, но очигледно ништо сериозно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrew Darnell (@almightywulf)

Според светските таблоиди поп-иконата Мадона повеќе не е во врска со 23-годишниот модел Ендру Дарнел. Неименуван извор им кажал дека парот одлучил да се раздели и дека Дарнел веќе нашол девојка на негова возраст.

„Тоа беше само многу лежерна врска со Дарнел, така што таа не е повредена. Едноставно, разделбата се случи во погрешно време. Таа има мала криза на доверба и тоа не помага. Таа добро се забавуваше со Ендру, но никогаш не беше љубов или нешто посериозно“, изјави извор за „Page Six“.

„Се каам што се омажив и двата пати“: Мадона одговори на 50 прашања поставени од нејзините обожаватели

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот