Лумперајка од тераса: Аца Лукас одржа концерт за своите соседи, се пееше до долго во ноќта! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Како и што најави, познатиот српски пејач Аца Лукас вчера во 19:30 часот го започна својот карантински концерт за своите соседи.

Фолкерот со помош на својот бенд веднаш започна да ги реди своите хитови и најави дека тоа ќе биде ноќ за паметење, како и дека ќе има многу изненадувања.

– Добро вечер на сите. Уште да слушнам аплауз од соседите. Драги мои, вечерва ќе има сешто на репертоарот. Само ќе ве замолам да се тргнете од улиците и да одите дома и да го следите концертот од вашите домови – им се обрати Аца, а потоа продолжи со концертот.

На репертоарот покрај неговите хитови, се пееја песни и од Ѓорѓе Балашевиќ, Оливер Драоевиќ  и други.

Вреди да се спомене дека Аца со бендот во 20 часот аплаудираше на медицинските работници.

Фото: Принтскрин

Специјални гости не неговиот концерт беа Кики Лесандриќ и Бобан Рајовиќ.

Концертот одеше и во живо на неколку социјални мрежи.

Погледнете:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот