Лукаревска: Ги остваривме клучните ветувања, така ќе продолжиме и во иднина

фото: МИА

Директорката на Управата за јавни приходи и заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска посочи дека нејзината партија во изминатиот период успеала да ги оствари клучните ветувања што ги дала пред изборите во 2016 и 2020 година.

„Ние покрај тоа што ветивме дека, во претходните програми, дека ќе станеме земја членка на НАТО, тоа го направивме, земја членка на ЕУ, тоа е нашата тенденција сега, едно општество за сите, третиот постулат беше дека ќе ги вратиме парите назад кај граѓаните и тоа го покажавме преку различни мерки. И преку мерката Мој ДДВ за која што сум многу горда, и преку тоа што овозможивме ликвидност на компаниите, преку субвенционирањето на придонеси за повисоки плати, овозможивме ваучер-систем, имаше сет мерки во време на корона кризата преку финансиската помош безкаматни кредити и така натаму, и така натаму. Значи, имаме плеада на мерки кои што сме ги исполниле.“ рече Лукаревска во интервју за ТВ Стар.

Тоа, според неа е гаранција дека СДСМ со сигурност ќе ги исполни и ветувањата што ќе се најдат во новата програма, за претстојните избори.

„Ќе продолжиме со истата тенденција за зголемување на минималната плата која што ќе стигне до 600 евра 2028 година, просечната плата 1100 евра, зголемување и на минималната просечна пензија, посебни пакети на мерки кои што ќе значат помош на младите пред се. Ќе се продолжи со тенденцијата за зголемување на платите и во образованието. Многу храбри мерки и во делот на енергетиката меѓутоа и во делот на многу други сектори. Имаме одлични мерки во делот на борбата против криминалот и корупцијата и напредување во владеење на правото“ порача Лукаревска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот