„Луфтханза“ ги прекина летовите до четири градови на Блискиот Исток

Германската авиокомпанија Луфтханза најави дека ќе ги прекине летовите кон Аман, Бејрут, Ербил и Тел Авив најмалку до понеделник. Одлуката за прекин на летовите е донесена по последните настани на релација Техеран – Тел Авив, објави Кликс.ба.

„Групата, која ја вклучува германската авиокомпанија, како и швајцарските и австриските авиокомпании, исто така ќе се погрижи летовите да го избегнуваат воздушниот простор над Израел, Јордан и Ирак во догледна иднина“, соопшти компанијата, според Ројтерс. Да потсетиме, Луфтханза пред иранскиот напад кон средината на неделата објави дека ги прекинува летовите кон Техеран во двата правци, а во петокот објави дека прекинот ќе трае до 18 април. Во меѓувреме, по иранскиот напад, Израел, Ирак и Јордан го отворија својот воздушен простор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот