„Луд“ трансфер: Обамејанг го копира Ван Перси!?

twitter.com/AFTVMedia

Можно е Арсенал би се разделил со репрезентативецот на Габон, доколку секако имаат една финансиска профитабилна понуда. Арсенал се обидува да обезбеди буџет за трансфери ова лето, а една опција е продажба на една од ѕвездите во тимот.

Буџетот на „топџиите” за нови играчи моментно е само 40 милиони фунти, поради фактот што тие не се квалификуваа за ЛШ.

Се шпекулира дека најдобриот стрелец на „топчиите“ Обамејанг се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Воедно Обамејанг, исто така, на „маса“ има и мултимилионска понуда од Кина.

Лани за клубот од „Емирати“ во Премиер лигата имаше учинок од 22 голови во 36 натпревари. Една од поранешните ѕвезди на Арсенал, Реј Парлор вели дека би било „лудо“ и контроверзно доколку Арсенал го продаде својот играч на Јунајтед.

– Не сакате да се повтори контроверзниот потег на Робин ван Перси во 2012 година – вели Парлор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот