ЛШ: Реал на „поправен“ во Германија, Интер го тестира Шахтјор!

фото: твитер

Денеска продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите со натпреварите од второто коло, актуелниот европски првак Баерн Минхен гостување од 18.55 часот во Русија против Локомотив Москва.

На стартот од групата „А“ Локомотив од Салцбург се врати со реми (2:2) и покрај тоа што се сметаше за „аутсајдер“. Но, ги разочара своите навивачи во изминатиот викенд откако загуби од послаборангираниот Ротор.

Баерн го „прегази“ Атлетико на Алијанц Арената (4:0) и ја запиша 12 победа во ЛШ. Баварците и овој руски клуб се сретнаа двапати во сезоната 1995/96 во тогашниот Куп на УЕФА, Германците на домашен терен загубија со 0:1, но на возвратниот меч бундеслигашот беше далеку подобар и славеше со 0:5.

Во групата „Б“ Интер ќе игра против клубот кој направи големо изненадување во првото коло откако триумфираше над Реал Мадрид со 2:3.

„Кралевите“, пак, ќе мора да го поправат впечатокот и ги вратат насмевките и кај своите навивачи.

На Борусија Парк играчите на Зидан ќе се обидат да се вратат на победничкиот пат во дуелот со Борусија Менхенгладбах.

Лига на шампиони, 2. коло

Група „А“

18.55 часот Локомотив Москва-Баерн Минхен
21.00 часот Атлетико Мадрид-Салцбург

Група „Б“

18.55 часот Шахтјор Доњецк-Интер
21.00 часот Борусија Менхенгладбах-Реал Мадрид

Група „Ц“

21.00 часот Марсеј-Манчестер сити
21.00 часот Порто-Олимпијакос

Група „Д“

21.00 часот Аталанта-Ајакс
21.00 часот Ливерпул-Митјиланд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот