Лорис за инцидентот со Сон: Тоа што се случи е дел од фудбалот!

фото: твитер

Голманот на Тотенхем, Уго Лорис има свое објаснување за пресметката со соиграчот Сон Хјунг-Мин.

Конфликтот се случи кога екипите по првото полувреме беа испратени во соблекувалната.

Оваа ситуација припаѓа на тимот. Однадвор можете да кажете што сакате. Она што се случи меѓу мене и Сон е понекогаш дел од фудбалот. Нема проблем. На крајот на натпреварот, можете да видите дека бевме повеќе од среќни – рече Лорис.

Голманот на полувреме од синоќешниот дуел тргна физички да се пресмета со Сон, но соиграчите спречија контакт и се остана на вербални префрлања. Подоцна двајцата играчи демонстрираа помиреност.

Мурињо ги губи конците во Тотенхем, Лорис и Сон за малку ќе се степаа меѓу себе (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот