Ливерпул за 35 милиони евра носи дефанзивец од Лајпциг
Проблемите во одбраната со повредите на клучните играчи (Вирџил ван Дајк, Џо Гомез, Жоел Матип), може да го чинат Ливерпул пласман во Лигата на шампионите следната сезона и поради тоа менаџерот Јирген Клоп одлучи да не жали пари за квалитетни засилувања.
Најголема желба на Клоп беше одличниот дефанзивец на Лајпциг, Дајот Упамекано, но Баерн Минхен беше побрз, по што тренерот на Ливерпул мораше да се задоволи со друг дефанзивец на германскиот тим.
Според новинарот Фабрицио Романо, кој е експерт за фудбалски трансфери, Ливерпул го договорил трансферот на Ибрахима Конате. Романо уште минатата недела објави дека Конате најверојатно на лето се сели на „Енфилд“, а новинарот сега ја објави и сумата на трансферот, Ливерпул ќе плати 35 милиони евра за одличниот дефанзивец.