Ливерпул се пишмани: Донесовме погрешна одлука

Liverpool Echo

Се уште актуелниот европски првак викендов стана најомразен клуб во Англија откако објави дека своите вработени ги праќа на принуден одмор и ќе ги користи владините субвенции.

По жестоките реакции на јавноста, на вработените, навивачите и обичните граѓани, Ливерпул ја повлече одлуката, а извршниот директор на тимот, Питер Мур, им се извини на навивачите.

Изминатиот викенд дојдовме до погрешен заклучок и жалиме поради тоа и искрено се извинуваме. Нашите намери се да се обезбеди на работната заедница што поголема заштита од загуби за време на овој неочекуван период. Загрижени сме за нашите работници и продожуваме да се подготвуваме да работиме на тоа да изнајдеме алтернативни начини додека нема натпревари – изјави Мур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот