Ливерпул ја користи кризата кај Сити, сака да ангажира две ѕвезди

Манчестер сити се наоѓа во небрано откако УЕФА го казни со двегодишна забрана за настап во европските купови.

Казната од УЕФА значи дека англискиот шампион само во наредната година ќе загуби 200 милиони евра од планираните приходи со настапот во ЛШ, а голем дел од ѕвездите во договорите имаат бонуси за настапи во европските натпреварувања и немаат намера да се откажат од нив.

Иако менаџерот Пеп Гвардиола изјави дека нема да ја напушти екипата, а фудбалерите добија ветување од газдата на клубот, Шеикот Мансур, кој е владетел на Обединетите Арапски Емирати дека сите тие бонуси ќе им бидат надоместени, медиумите предвидуваат големи промени во играчкиот кадар.

Според медиумите, во првиот бран на заминувања од екипата, најзвучни имиња се тиа на Серхио Агуеро и Рахим Стерлин. Шпанскиот „Дон Балон“ пишува дека по нивните стапки ќе тргнат Кевин де Брујне и Ејмерик Лапорт но тие не би требало да ја напуштат Англија и Премиер лигата.

Според изворот на „Дон Балон“, следна дестинација за Де Брујне и Лапорт ќе биде европскиот шампион и речиси сигурно нов англиски шампион, Ливерпул.
Јирген Клоп сака со двоецот од Манчестер сити да ја засили конкуренцијата во својот тим, а со евентуалниот ангажман на Де Брујне и Лапорт, се поизвесно е дека Ливерпул би бил доминантен во Премиер лигата, и еден од главните фаворити за титулата во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот