Ливерпул фаворит за триумф во Лигата на Европа

twitter/liverpoolfcnews

Актуелниот европски шампион, Ливерпул, на едно коло до крајот сè уште не го обезбеди пласманот во нокаут фазата во Лигата на шамионите. „Црвените“ се први во групата Е, но пласманот во нокаут фазата ќе мора да заверат во последното коло на гостувањето кај Салзбург кој исто така има шанси за освојување на едно од првите две места во групата.

Доколку Ливерпул загуби од Салзбург тогаш ќе биде елиминиран од ЛШ и настапите ќе ги продолжи во Лигата на Европа, каде би бил прв фаворит за трофејот. Според англиските обложувалници, „црвените“ се главен фаворит за титулата во ЛЕ заедно со Баер Леверкузен и Севиља.

Обложувалниците пак најмногу имаат доверба во Манчестер сити дека ќе триумфира во ЛШ, му даваат 24% за триумф, втор фаворит е Баерн Минхен со 20%. Интересно е што доколку Ливерпул продолжи со настапите во Лигата на шампионите, тогаш е трет фаворит за титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот