Лина Ѓорческа има пад од едно место на ВТА листата

Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

На најновата ВТА листа најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со 399 поени има од едно место и моментно е на 187 позиција.

Магдалена Стоилковска е рангирана на 1227 место со осум поени и има скок од седум позиции.

Ѓорческа во конкуренција на двојки е на 317 место со 256 поени (пад за три места), а Стоилковска со шест поени има скок од шест места и се наоѓа на 1461 позиција.

На врвот во сингл конкуренцијата е Арина Сабаленка со 8425 поени, пред Ига Швјонтек од Полска (7795), додека третопласирана е Коко Гоф од САД со 5955 поени.

Во двојки Американката Џесика Пегула го дели врвот со нејзината сонародничка Гоф со по 5565 поени, пред третопласираната Сторм Хантер (Австралија) со 5490 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот